Просечната нето плата во август била 41.000 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во земјава во август изнесувала 41.097 денари, соопштуваат оттаму.
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 113.2.
2Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Образование (19.3 %), Уметност, забава и рекреација (18.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.3 %). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.1 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.3 %)“, наведено е во соопштението на ДЗС.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 61.806 денари.
Извор: Мета.мк
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025