Просечна плата во септември 32.553 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32 553 денари и е за 12,8 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Образование (10.0 %), Административни и помошни услужни дејности (4.0 %) и Преработувачка индустрија (3.7 %).