ЕкономијаМакедонија

Просечната плата се приближи до 50.000 денари: Еве кои сектори забележаа најголем скок!

Просечната нето-плата во Македонија во мај 2026 година достигна 49.544 денари, што претставува годишен раст од 8,2% во споредба со истиот месец минатата година. Во исто време, просечната бруто-плата се искачи на 74.482 денари. Според податоците, најголем скок на примањата е забележан во секторите за снабдување со вода и управување со отпад, уметност и рекреација, како и во транспортот и трговијата.

Во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.9 %, Уметност, забава и рекреација за 11.3 % и Транспорт и складирање за 10.9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6.3 %, Рударство и вадење камен за 5.8 % и Транспорт и складирање за 5.7 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2026 година изнесуваше 74. 482 денари.

Во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.2 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 12.1 %, Уметност, забава и рекреација за 11.5 % и Транспорт и складирање, Административни и помошни услужни дејности за 10.7 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6.2 %, Рударство и вадење на камен за 6.0 % и Транспорт и складирање за 5.4 %.