ЕкономијаМакедонија

Септемвриската просечна нето-плата поголема за 408 денари во однос на август

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2026 година достигна 49.141 денар, што претставува зголемување од 408 денари (односно 0,8 отсто) во споредба со август, кога изнесуваше 48.733 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, септември 2026 година

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2026 година,
изнесуваше 49 141 денар.

Во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.1 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.6 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.6 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.0 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење камен за 6.0 %, Преработувачка индустрија за 3.0 % и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 2.5 %. 

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, септември 2026 година

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2026 година,
изнесуваше 73 940 денари.

Во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.1 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.7 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.7 % и Транспорт и складирање за 10.4 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење камен за 6.1 %, Преработувачка индустрија за 3.0 % и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 2.6 %.