- Advertisement -
НовостиПравда

Протести во повеќе градови низ земјава, се бара референдум за дигиталните учебници

Протести во повеќе градови низ земјава - Работник
444views

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ бара референдум за образовните реформи

Поголем број граѓани денеска излегоа на протест против донесувањето на новиот Законот за учебници, со кој меѓудругото се предвидува дигитализација на учебниците.

Протестот во Скопје започна точно на пладне од пред Министерството за образование, од каде демонстрантите мирно се упатија кон Владата, а крајна цел на маршот е Собранието. Освен во главниот град, се протестира и во повеќе градови во земјава како Прилеп, Битола, Струмица, Куманово, Штип, Тетово…

Advertisement

Граѓаните обединети под иницијативата „Учебници и настава мора да има“ бараат референдум за да се изјаснат за образовните реформи.

Advertisement
Advertisement

„Се потрудивме да предложиме решенија на измени на законот за да има реформи по мерка на ученикот, но надлежните се глуви на нашите барања. Сакаат преку демагогија да ни наметнат реформи што не се во интерес на нашите деца. Покренуваме иницијатива за стопирање на овој закон со протести, а потоа иницијатива за референдум против законот“,изјави претходно Драгана Спасевска од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ во најавата за протестите.

Освен пораки против дигиталните учебници, на протестот има и транспаренти „Стоп за родова и полова сензитивност“, „Стоп за воведување сексуално образование“, „Стоп за укинувањето на историјата како предмет“…

Министерството за образование и наука пак, во неколку наврати потенцираше дека нема да го повлече законот за учебници оценувајќи го како квалитетна реформа која ќе се воведува етапно и нема да значи целосно укинување на печатените учебници.

Advertisement