МакедонијаПравда

Протест во Струмица за почист воздух

Протест во Струмица - Работник
163views

Вратете ни го воздухот, порачаа дел од граѓаните на Струмица. Преку мирен протест побараа итни мерки и решавање на проблемот со аерозагадувањето.

Граѓаните апелираа до надлежните институции да излезат на терен и  најитно да преземат вонредни и неодложни мерки со кои според нив загадувањето на воздухот евидентно ќе се намали.

Потенцираа дека не бараат виновници за сето она што до сега било направено, туку решение за проблемот кој ги засега сите.

Граѓаните кои излегоа на протест велат дека загаденоста на воздухот се чувствува секојдневно, а посебно била изразена во вечерните часови. Бараат од институциите многу почесто да бидат на терен и санкции за загадувачите.

Граѓаните кои денска излегоа на протест  до надлежните предложија и неколку мерки за надминување на проблемот. Тие решението го гледаат во континуирани контроли на индустриските капацитети во попладневните и вечерните часови, но и водење   записник за реагенси со кои се работи во овие погони.

Бараат секојдневна контрола на депонијата Добрашинци за која велат дека со години е во пламен, Но и решение со кое ќе се стави крај на сечата на Ееленица и ридовите над Струмица за кои се вели дека се белите дробови на градот.

Извор: Сител