Правда

Протест на Движењето за чист воздух пред цементарницата УСЈЕ

   Време за читање помалку од минута
Иницијативата Движење за чист воздух денеска одржува протест пред цементарницата УСЈЕ затоа што што според нив, треба заеднички да се покаже револтот поради загадувањето.

-Бидејќи автоматски мониторинг не се прави, туку се користи како манипулација, ние од иницијативата Движење за чист воздух се решивме на отпор против најголемите загадувачи, трујачи на животната околина, информира Движењето за чист воздух.

Со протестот, како што потенцираат, покажуваат само собир на истомисленици, а со блокада на цементарницата се покажува отпор кон политиката на молк и бизнис на штета на нашето здравје.

Од цементарница УСЈЕ, пак, велат дека тие не се причинител на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје, пренесува Либертас.

Целосниот текст прочитајте го тука