Протест пред Владата на лицата со попреченост, бараат зголемување на додатокот
Лицата со попреченост денеска ја блокираа Илинденска, барајќи од Владата да ги исполни ветувањата за да го запрат животот на маргините.
Некој со кучиња водници, други во колички, некои со стапови за слепи лица се собраа неколку десетици граѓани со попреченост, велејќи дека и собирањето пред влада им претставувало потешкотија, бидејќи како што посочија не постои соодветна пристапност за овие лица ниту по улиците ниту до институции. Велат, нема да отстапат додека барањата не им се исполнат..
-Јас спиев овде 60 дена во шатори, мислејќи дека општеството ќе тргне кон подобро за сите, а не да биде подобро за 120 политичари. Како можат едногласно да си ја качат нивната плата за 78%, а земаат 1000е плата, а граѓаните не добиваат ништо.. Знаете колку чини да се направи една рампа? 10 евра, а тие си ја покачија плата по 700 евра.
Меѓу главните барања се социјалната правда и рамноправност, па велат, како што си ги покачија функционерите платите за речиси 80%, така може да се покачи и додатокот за попреченост, а меѓу барањата им е и поголема инклузивност, бидејќи се чувствуаат целосно запоставени од системот..
-Лажејќи не дека нема пари во буџетот за покачување од 15 %, лажејќи не, ветувајќи на нивните кампањи дека 50% ќе добиеме покачување на додатокот за попреченост, ни тоа не го добивме за да на крај они, во партнерство со нивните уставни судии да си ги покачат нивните плати за 78%, а притоа се декларираме како социјална држава, дека се грижиме за ранливите категории, а уствари не се грижиме за ранливите категории ние овие категории ги третираме како слепо црево во општеството…
Според најавите, како што кажаа, треба да се сретнат со претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Собранието каде ќе ги претстават своите барања и ќе инсистираат веднаш тие да бидат применети.
Извор: Канал 5