Синдикатот за угостителство и туризам дава поддршка на протестот на КСС
Синдикатот за угостителство и туризам про Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија дава поддршка и се приклучува кон протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија кој ќе се одржи на 15 април (четврток).
Од синдикатот велат дека и тие се таргетирани од состојбата, поради што Претседателот на синдикатот и членови на Извршниот одбор се оставени без работа, заради лошите политики на Владата кон туристичко – угостителскиот сектор.
Од таму велат дека борбата за работничките права била отсекогаш тешка, но во последните четири години таа е сурова, а тоа може да се види од фактот што голем број на работници од овој сектор останаа на маргините на општеството.
Посочија и дека социјалниот дијалог е на многу ниско ниво, особено во приватниот сектор. Ова е така, како што велат, поради тоа што Владата ги занемари барањата на работниците, но и на работодавачите.
„Им се приклучуваме на нашите синдикални соборци во борбата за унапредување на работничките права во јавниот сектор, бидејќи и тие како нас во приватниот сектор постојано се соочуваат со прогони на синдикалните лидери, притисоци и деградирања“, рекоа од СУТ.
Ги повикуваат нивните членови и сите останати угостителско – туристички работници да им се приклучат во протестот во знак на солидарност, затоа што, како што велат, проблемите во кои се наоѓа нивниот сектор се заеднички

