- Advertisement -
Правда

Протест против полицискиот час во недела

285views

Под мотото „Сите ние кои сметаме дека ова треба да зварши, сите кие кои сме свесни“ група луѓе за претстојната недела, 17. мај, најавуваат протест против полицискиот час пред Влада.

Протестот е планиран од 12 до 14. часот, се наведува во информациите за настанот креиран на социјалната мрежа Фејсбук.

Како организатори на протестот се јавуваат Емилија Богатинова и Мариго Исеини.

Она што останува да се види е колку луѓе ќе присуствуваат на најавениот протест и доколку има масовна излезеност дали тоа ќе влијае врз идните одлуки на Владата во однос на полицискиот час.

Advertisement