Проф. Јовевски за Локално: Предлог Законот за плати е одраз на финансиската неодржливост на јавниот сектор

Долга е листата на забелешки која професорот  Лазар Јовевски ја упатува во насока  на предлог Законот за систем на плати во јавниот сектор.

Оценувајќи го како целосно неприфатливо ваквите предлози да се носат вон рамките на социјалниот дијалог, Јовевски како парадокс го посочува фактот дека од една страна се фалиме дека сме на европски пат, а од друга-  ги намалуваме правата на работниците под европскиот минимум.

„Целиот концепт на утврдување на плати на овој начин е изместен од трудово-правниот систем на Македонија. Овие и некои други предходни решенија повеќе наликуваат на законската рамка од 1957 и системот на „двоен колосек“ каде јавната администрација всушност беше третирана како државен апарат од „сталинистички тип, отколку модерен трудово-правен систем согласно принципите на социјалната демократија“, вели Јовевски за „Локално“.

Повеќе на Локално