Светот на работникот

Работа во Мајкрософт и без факултет – плата до 130,000 долари годишно

Работа во Мајкрософт - Работник
278views

Работата во Мајкрософт без факултетска диплома сега е на дофат на раце, дури и ако не сте Бил Гејтс.

За многу почетни позиции, Мајкросфот не бара кандидатите да имаат факултетска диплома, туку ги поттикнува да се пријават сите оние кои мислат дека добро ќе се вклопуваат. А, платите за поголемиот дел на таквите позиции се движат од 60 до 130 илјади долари годишно.

Раководителите во Мајкрософт велат дека ваквата пракса им овозможува да дојдат до поширока база на таленти и да изградат разновидна работна сила во компанијата.

„Ако имате исти луѓе кои имаат ист степен на образование, иста професионална позадина и се останато, тие нема да можат да ги решат нашите проблеми. Ако имате луѓе кои доаѓаат со доста различни позадини, тие навистина можат поинаку да размислуваат“, изјавила потпретседателката на Мајкрософт, Ен Џонсон.

Таа вели дека факултетските дипломи не се непогришлив показател за тоа дали кандидатот одлично ќе се снајде во некоја улога, наместо тоа, Мајкросфот поттикнува фокусирање на некои меки вештини како тимската работа и љубопитноста, како и подготвеноста на кандидатот брзо да учи.

Мајкрософт не е единствена технолошка компанија која ги предизвикува и ги преиспитува традиционалните очекувања кога во прашање е вработувањето. Гугл и Ејпл ширеле слична политика на прифаќање на пријавите за работа од било кој кандидат, без оглед на нивното образование, бидејќи широката технолошка индустрија се бори против хроничниот недостаток на различности.

Така и Илон Маск, шефот на Тесла, неодамна преку Твитер побарал нови работници, без разлика на нивниот степен на образование. Доволно е само да го пројдат неговиот тест.