Работа од која може да се заработи и до 2,800 евра нето
Се’ повеќе негуватели од Србија, но и Балканот, работа пронаоѓаат во Германија, каде побарувачката за работници во секторот нега на постари и болни лица со години не престанува да расте.
Поголемите плати, посигурните услови за работа и постојаната потреба по кадар го поттикнуваат заминувањeто на медицински работници од регионот.
Германија се’ повеќе зависи од странски работници
Германските власти отворено признаваат дека без странски работници нивниот систем на нега не би можел да функционира. Според податоците на Сојузната агенција за вработување на Германија, денес секој петти негувател во таа земја е странски државјанин.
Негувателскиот сектор е еден од ретките во Германија кои и понатаму активно вработуваат, а новата работна сила речиси исклучително доаѓа од странство.
„Привлекувањето на странска квалифиувана работна сила и ширење на домшаните потенцијали се нужни за засилување на негувателството“, оценила Ванеса Ахује од управниот одбор на Агенцијата. Бројот на странски негуватели драстично пораснал.
Во последните десет години бројот на вработени во негувателството пораснал за 22 % и достигнал 1,76 милиони работници.
Истовремено:
- околу половина од вработените работат на скратено работно време
- жените сочинуваат дури 81 % од вработените
- уделот на странски работници пораснал од седум на речиси 20 %
Само од Сирија во Германија пристигнале 9,300 негуватели и негувателки.
Се’ повеќе медицински работници од Балканот
И покрај големиот прилив на странски работници, Германија и понатаму има хроничен недостиг од негуватели и асистенти, а процените покажуваат дека овој проблем ќе трае со години.
Овој тренд се одразува директно и на Србија, но и Македонија, од каде последните години заминуваат се’ повеќе медицински сестри, техничари и негуватели.
Експертите предупредуваат дека континуираниот одлив на кадар дополнително може да го оптоварат домашниот здравствен и систем на социјална заштита, особено во малите средини каде веќе сега е тешко да се пронајдат работници за грижа за постарите.
Колку се платите на негувателите во Германија
Платите на негувателите во Германија се разликуваат во зависност од искуство, знаење на јазик, регионот и видот на работа, но се повеќекратно платени отколку во Србија и Македонија.
Квалификуваните негуватели во домови за стари најчесто заработуваат помеѓу:
- 3,000 и 3,600 евра бруто месечно
- околу 2,000 до 2,800 евра нето
Кај работите на домашна нега, каде често се обезбедени сместување и храна, заработките се движат од 1,700 до 2,000 евра нето месечно.
Познавањето на јазикот носи поголема плата
На висината на платата значајно влијае познавањето на германскиот јазик.
Работници со ниво Б2 или повисоко често можат да заработат неколку стотини евра повеќе од оние кои послабо го познаваат јазикот.
Поголеми плати се нудат и во градови како:
- Минхен
- Франкфурт
- Штутгарт
Меѓутоа, во тие градови и трошоците за живот се значајно повисоки.
Извор: Bizportal.rs

