- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Работна средба помеѓу претставниците на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РСМ

Работна средба помеѓу претставниците - Работник
454views

Во Министерството за  труд и социјална политика денеска се оддржа работна средба помеѓу претставници од министерството и  Агенцијата за вработување на РСМ, предводени  од министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и директорот на АВРСМ, Абдуш Демири. Денешниот работниот состанок се однесуваше на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, при  што и оваа година фокусот се задржува на помошта  и поддршката  на невработените лица  кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот  и компаниите на кои  им е најпотребна работната  сила.

Оперативниот план за 2021 година, предвидува продолжување на  програмите, со тоа што во дел од нив се направени измени кои се резултат на  искуството од  имплементацијата  ( обука кај познат работодавач, обуки за развој на дигитални вештини),  а се воведува и нова програма –  поддршка на невработените лица за грижа во заедницата .

Исто така, во план се имплементирање и на програми за самовработување и вработување и раст на правни субјекти кои создаваат нови работни места во услови на КОВИД 19.

Министерството за труд и социјална политика продолжува со политиките и мерките за вработување во кои се вклучени повеќе органи и институции , а се со цел полесно справување со предизвиците од невработеноста . Очекувањата и оваа година се  висока реализација на програмите и мерките како и претходната , каде во најголем дел имаше стопроцентна реализација.