Работна средба помеѓу претставниците на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РСМ
Во Министерството за труд и социјална политика денеска се оддржа работна средба помеѓу претставници од министерството и Агенцијата за вработување на РСМ, предводени од министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и директорот на АВРСМ, Абдуш Демири. Денешниот работниот состанок се однесуваше на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, при што и оваа година фокусот се задржува на помошта и поддршката на невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот и компаниите на кои им е најпотребна работната сила.
Оперативниот план за 2021 година, предвидува продолжување на програмите, со тоа што во дел од нив се направени измени кои се резултат на искуството од имплементацијата ( обука кај познат работодавач, обуки за развој на дигитални вештини), а се воведува и нова програма – поддршка на невработените лица за грижа во заедницата .
Исто така, во план се имплементирање и на програми за самовработување и вработување и раст на правни субјекти кои создаваат нови работни места во услови на КОВИД 19.
Министерството за труд и социјална политика продолжува со политиките и мерките за вработување во кои се вклучени повеќе органи и институции , а се со цел полесно справување со предизвиците од невработеноста . Очекувањата и оваа година се висока реализација на програмите и мерките како и претходната , каде во најголем дел имаше стопроцентна реализација.

