- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Работничките права во 2020-та, ударот и предизвиците од корона-кризата во годината која доаѓа

Работничките права во 2020-та - Работник
185views

Корона кризата не затекна сите, вклучително и работниците. Работниците се соочија со многу сериозен предизвик пред нив – губење на работните места уште од самиот старт на кризата. Тоа ние како ССМ укажавме дека генерално беше од многу несовесни работодавачи. Точно е дека се носеа низа на мерки и решенија. Ние како ССМ уште на самиот старт направивме план на кој начин да настапиме и какви предлози да дадеме, изјави Слободан Трендафиловски шеф на кабинетот на претседателот на Сојузот на синдикати, во Утрински брифинг.

-Црпевме примери од европските држави. Морам да кажам дека на почетокот Владата прифати голем дел од барањата на ССМ. Сакам да повлечам дека имаше и одредени недостатоци и во мерките и во имплементацијата, не беше јасно дефинирано што значат истите и тие дилеми одреден број на работодавачи ги користеа. Работниците се соочија со предизвикот прекинување на договорите на определено време, нешто за што ние гласно зборевме дека е најголем проблем на македонскиот работник, нешто што здравствената криза го потврди, вели Трендафиловски.

Повеќе на Слободен Печат