Светот на работникот

Развојот на бањи отворил нови работни места: Докторите се враќаат во родниот крај

Развојот на бањи - Работник
104views

Развојот на Пролом и Луковската Бања во Србија овозможил нови работни места што ги поттикнало младите да по завршувањето со студиите да се вратат во родниот крај.

Вложувањето во млади експерти го сметаат за најдобра инвестиција, па конкурост за оние кои завршиле факулет и се враќаат назад постојано е отворен.

Богољуб Степнаовиќ пред две година завршил Медицински факулет со најголем просек и веднаш се вратил во родната Топлица.

„Ова за мене, на некој начин беше предизвик да дојдам тука и да се обидам да работам и заедно со своите колеги да учествувам во развојот на бањата Куршумлија“, вели за РТС, Богољуб Степановиќ, доктор во Пролом Бањата.

Ист чекор направиле и Милена и Мирјана, едни од најдобрите студентки на нишкиот Универзитет. Зборуваат три јазици и имале понуди за работа од клиники во Германија и Малта.

„Јас имав прилика да одам во странство, но останав тука, затоа што секако, како и сите други сакам да работам во својата земја и да бидам во близина до своето семесјство и пријателите. ‘Планинка’ е една од фирмите која ми го овозможи тоа“, рече Милена Перовиќ, доктор во Луковската Бања.

„Веднаш по вработувањето добив прилика да се усовршувам во различните области, не само во области од медицината, туку и во области од маркетингот, односите со јавноста и странските јазици. Како врв на мојата досегашна едукација беше специјализацијата која ми е одобрена“, вели Мирјана Глигорјевиќ, доктор во Луковската Бања.

Во Пролом и Луковската Бања за една година вработени се десет млади доктори – шест веќе добиле специјализација.

„Размислуваме да и останатите ги пратиме на усовршување, така создаваме еден силен тим кој помага во развојот на фирмата, а во исто време тие себеси си обезбедуваат работно место и можност за развој“, вели Радован Раичевиќ, директор на АД „Планинка“ од Куршумлија.

Во компанијата „Планинка“ вложувањето во стручните кадри го гледаат како рецепт за успех, затоа и конкурост за млади со факултетска диплома е постојано отворен.