НовостиСветот на работникот

Лидер и Менаџер: Која е разликата?

   Време за читање 3 минути

За една успешна организација потребно е да се има низа на луѓе кои играат различни улоги, за работниот процес да се одвива глатко. Некои од тие улоги лесно можат да се дефинираат, додека некои имаат збунувачки граници како на пр., разликата помеѓу менаџер и лидер.

Можете истовремено да бидете и менаџер и лидер, но тоа што сте феноменален лидер не е гаранција дека ќе бидете и добар менаџер и обратно. Во што е разликата?

Ова се трите клучни разлики помеѓу лидер и менаџер:

  1. Лидерот се бави со иновации а менаџерот со администрација

Тоа значи дека лидерот е тој кој смислува нови идеи и ја поттикнува организацијата да размислува кон иднината. Лидерот константно мора да биде на готовс и да развива нови стратегии и тактики. Мора да биде запознаен со најновите трендови, истражувања и вештини.

Од друга стана, менаџерот го одржува она што е веќе воспоставено. Таа е личноста која ја одржува контролата, бидејќи во спротивно би настанал хаос во организацијата. Исто така, менаџерите воспоставуваат цели и мерила, а потоа ги анализираат, оценуваат и толкуваат резултатите. Тие мораат да знаат и кое лице е најдобро во извршувањето на одредена задача.

  1. Лидерот инспирира, менаџерот контролира

Лидерот ги инспирира луѓето да дадат се од себе и знае како да воспостави темпо за останатите во групата. Лидерството не е она што лидерот го работи, туку она што го прави како одговор на неговото лидерство. Доколку некој се одлучи да ве следи, бидејќи сте го инспирирале, тоа значи дека се создале доверба во компанијата, а тоа е многу важно за работењето кое забрзано се менува и бара луѓе кои ќе веруваат во мисијата на компанијата.

Менаџерите настојуваат да ја одржат контролата над луѓето така што им помагаат да ги развијат способностите и од себе да ги извлечат најдобрите таленти. За да можат да имаат подобри резултати, менаџерите мораат да ги познаваат луѓето со кои работат и да ги знаат нивните интереси и страсти.

  1. Лидерите ги прашуваат „што“ и „зошто“, а менаџерите „како“ и „кога“

За да бидете во позиција да прашате „што“ и „зошто“ морате да бидете кадар кој ќе ги предизвика своите надредени и ќе ги праша зошто се преземаат одредени акции. Тоа значи дека ќе му пружите отпор на вишиот менаџмент, бидејќи сметате дека за доброто на компанијата треба да се преземат некои други мерки. Ако компанијата доживува неуспех, задачата на лидерот е да дојде и да каже: Што научивме од ова? Како можеме да ја искористиме оваа информација за да ги разјасниме нашите цели или да се подобриме?

Наместо тоа, менаџерите не размислуваат за тоа што значи неуспехот. Нивна работа е да се прашаат „како“ и „кога“ и да ја извршуваат работат во согласност со тоа. Тие прифаќаат ситуација status quo и повеќе наликуваат на војници. Знаат дека наредбите и плановите се клучни и дека нивна работа е да се ориентираат на моменталните цели на компанијата.

И покрај ова, двете улоги имаат и сличности. Најдобрите менаџери се лидери. Едно лице може да биде и едно и друго, но потребно е време да се дојде до тоа.

Извор: BIZLife

Image by storyset on Freepik