ЕкономијаСветот на работникот

Крајот на годината е идеално време за барање на повисока плата. Неколку совети во врска со тоа

Подготвил: Бобан Илијевски

Компаниите го завршуваат четвртиот квартал, а со тоа доаѓа и пресекот на состојбата и планирањето на буџетот за идната, 2023 година.

Оваа година ни покажа дека сопствениците на компаниите мораат да бидат многу пофлексибилни од претходно кога се во прашање буџетите. Со војната во Украина настапи голема инфлација, а поскапе речиси се: од градежни материјали до канцелариски материјали. За енергенсите и храната да не зборуваме.

Каде се тука луѓето, односно вработените

Огромните поскапувања најмногу влијаат врз вработените кои имаат фиксни и често ниско компетитивни плати. Од тие причини, многумина од нив сега, на крајот од годината, бараат зголемување на платите. Реакцијата на работодавачите на ова е посебна тема, но стои фактот дека за ова ќе треба да размислуваат при креирањето на буџетот за 2023 година.

2023.

Фото: Unsplash

BIZLife.rs пишува дека токму поради тоа, последните 15 дена од годината се најидеални за барање на зголемување на платите.

Во текстот порталот дава пример за работниците во Србија кои имаат потешкотии да побараат зголемување на платите, но истиот пример може да се однесува и за Македонија, бидејќи и кај нас луѓето многу тешко се одлучуваат да побараат да им бидат зголемени платите.

Сепак, во прилог дава неколку начини за тоа како можете да побарате зголемување на платата од вашиот работодавач.

1. Напишете го, разработете го и повежбајте го вашиот план

Не влегувајте на состанок на тема зголемување на платата со празни раце и без претходна подготовка.

Смислете листа на конкретни причини зошто заслужувате да добиете зголемување на платата, запишете ги и поминете низ нив за да осигурате самоуверен и убедлив настап. Можеби покрај тие предлози ќе сакате да споменете дека во последно време сте имале повеќе одговорности на работа, дополнителни задачи, дека успешно сте ги усвоиле новите стратегии и сте ги завршиле проектите и кои планови ги имате за иднината во однос на подобрувањето на вашиот сектор. Размислете за тоа својот план да го искуцате и да го испечатите за вашиот шеф да може да го прегледа и да се консултира со другите супервизори доколку е тоа потребно.

2. Постигнете нешто значајно

Би било идеално пред да побарате зголемување да постигнете нешто значајно за компанијата во која работите. На тој начин, полесно ќе го добиете она што го барате и ќе успеете на менаџерот да „му ја затворите устата“.

Доколку не сте постигнале нешто значајно во скоро време, сетете се на некој неодамнешен голем успех и спомнете го.

Заработете на импулсите на вашите успеси, но претходно смислете стратегија за барање на позиции за да се најдете на идеалната позиција и да го прашате шефот за заслуженото зголемување на платата.

3. Облечете се за успех

Дури и ако кодексот на облекување во вашата канцеларија е поопуштен, кога се работи за состанок на тема зголемување на платата и унапредување, треба да се облечете за позицијата којашто ја сакате. Ставете вратоврска, испеглајте ја кошулата или извадете ги од гардараборет фармерките во кои се чувствувате најдоминантно. Иако не сакате да изгледате како премногу да се трудите, професионалниот изглед не може да ви наштети, туку само да ви помогне.

4. Направете план Б

Никој не сака да го слушне не за одговор, но одбивањето може да ви даде прилика да го дадете следниот предлог. Дали сакате да се распрашате во врска со работата од дома? Дали ви треба нов лаптоп или телефон за работа? Постои ли конференција или настан во индустријата кој сакате да го посетите? Вашиот шеф најверојатно ќе се согласи на помалото барање откако го одбил поголемото.

5. Не се бавете со сериозни прашања преку електронска пошта

Иако е прифатливо да закажете состанок по пат на електронска пошта, разговорот би требало да го направите во живо. Тоа е најдобар начин да покажете дека сте сериозни и да ја одмерите реакцијата на вашите надредени на вашето барање. Можете и ако сакате да го/ја изведете на ручек.

6. Не барајте ништо во период на голем стрес на работа

Употребете здрав разум кога им приоѓате на надредените со финансиски барања. Ако управата е напната, најверојатно не е вистинско време да ја споменувате оваа тема. Ако можете, почекајте неколку дена и проценете кога менаџерот е во добро расположение.

2023.

Фото: Unsplash

7. Не поставувајте никакви ултиматуми ако не сте навистина подготвени да ја изгубите работата

Бидете внимателни при претставувањето на вашата молба. Не сакате да бидете премногу груби или да делувате напорно. Секако, бидете самоуверени и асертивни, но внимавајте на својот тон и фокусирајте се на тоа да бидете трпеливи, професионални и полни со разбирање.

Внимателно при преговарањето. Никогаш не ги употребувајте зборовите „Сакам зголемување, инаку…!“, без разлика колку и да сте бесни, бидејќи сакате да им останете во добро сеќавање на колегите, а во добри односи со шефот дури и ако ве одбил. Никогаш не се знае во која насока ќе одат вашите кариери и каде ќе се сретнете повторно.

8. Немојте да ги употребувате информациите за платите на вашите колеги како аргумент за добивање на повисока плата

Тоа е озборување, а нема да добиете поголема плата ако така непрофесионално се претставите пред надредените. Наместо тоа, фокусирајте се на вашето индивидуално искуство и достигнување, како и причните зошто треба да добиете повисока плата.

9. Немојте да одавате премногу лични информации

Идеално би било кога би сте го скроиеле вашиот предлог во рамките на професионалните аргументи кои ви се во прилог: постигнатите резултати, растот на профитот кон кој сте придонеле, поддршката која сте им ја давале на вашите надредени преку вредната и прекувремена работа, идеите со кои сте помогнале за развој на комапнијата. Некои работи подобро е да останат некажани, освен ако немате семеен однос со претпоставениот. На нив не им требаат причините зошто ви треба повисока плата, туку зошто ја заслужувате.

Што да очекувате, откако сте побарале повисока плата, во 2023 година

Вие сакате веднаш да дознете дали сте добиле повисока плата или не, но земајќи го во предвид тоа што е крај на годината, дајте му на менаџментот време да размисли и вашето зголемување да го вметне во бизнис планот за 2023 година.

Немојте да „потонете“ ако ве одбијат. Можеби моментално нема пари за повиска плата, без оглед на тоа колку и да е заслужена.

Исто така, многу компании имаат формална политика која ги регулира платите и бонусите, така што можеби немаат флексибилност да ви дадат поголема плата освен кога ќе се квалификувате за една од компаниските регулативи.