ПравдаСветот на работникот

Ги бараат 30-те плати – протест на поранешни вработени во „Медицинска пластика“

И по 16 години од стечајот на фабриката „Медицинска пластика“ во Тетово, нејзините работници се уште ги чекаат 30-те плати и неплатени придонеси за 5 години.

Од таа причина денеска го кренаа гласот пред фабриката каде што работеа, дури велат дека ги купиле акциите за да не банкротира, а сега оваа фирма се продава за 5 милиони евра од лицата кои ништо не вложиле во неа.

„Овде има еден момент при што приватизацијата е направена во криминална форма и се продава земјиште кое било на државата, не било оставено за приватизација и овие луѓе го зеле и земјиштето, има овде нешто,  има акции што се одложени, бидејќи тогаш Агенцијата за приватизација не ги зеде и се вратија во Министерството за финансии и таму се,  а тие ги присвоија“.

Вработените бараат од новиот сопственик да го плати долгот пред да ја откупи компанијата, додавајќи дека доколку тоа не се случи, тогаш ќе достават документација до Обвинителството за гонење криминал и корупција. Поранешните вработени имаат барање и премиерот Димитар Ковачевски да се заинтересира за овој случај.