- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Ралповски: На Владата не и одговара КСС да биде репрезентативен – најави и кривични пријави

Ралповски: На Владата не и одговара КСС - Работник
754views

Одговарајќи на прашање на водителката во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска спомена дека Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија е нерепрезентативен синдикат, на што Претседателот на КСС реагираше, посочувајќи дека Владата не сака КСС да биде репрезентативен и дека документите за репрезентативност две години се држат во фиоки. Тој истакна дека тоа е кривично дело. 

Министерката Шахпаска на ова одговори дека таа нема никаков удел во Комисијата за утврдење за репрезентативност и дека таа има само еден член во ова комисија, па поради тоа не е праведно да се обвинува Министерството.