Ралповски на средба со Министерот за администрација Минчев: Поставени се повеќе барања
Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски заедно со претставници од Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија, оствари средба со Министерот за јавна администрација, г-дин Горан Минчев.
На средбата се разговараше за предизвиците и моменталната состојба на вработените во јавната администрација.
Како синдикат ги поставивме своите барања како што се повлекување на законот за вработени во јавен сектор и законот за административни службеници од собраниска процедура, враќање на мерит системот, наградување, уредување на платите со колективни договори, покачување на платите во јавната администрација и обезбедување на подобри услови за вработените во јавната администрација.
Беше истакната и потребата за воспоставување на конструктивен социјален дијалог за сите прашања кои се однесуваат на вработените во јавната администрација.
- Синдикатот за образование на БиХ со писмо со сочуство за трагедијата во Кочани до СОНК - 18/03/2025
- „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија - 18/03/2025
- Невидена измама! Менаџер за човечки ресурси измислувал работници – успеал да проневери повеќе од 2 милиони евра: Еве како е откриен - 18/03/2025