МакедонијаСветот на работникот

Распишан оглас за вработување на 500 полицајци

143views

Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за внатрешни работи и Законот за полиција а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец распишува јавен оглас за вработување на 500 извршители на работно место „Полицаец“.

Поконкеретно, во однос на огласот за прием на полициски службеници, предвидено е најголемиот дел од нив да бидат распоредени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје 360 извршители; потоа во Сектор за внатрешни работи Битола 20 извршители; во Сектор за внатрешни работи Охрид 30 извршители, во Сектор за внатрешни работи Струмица 20 извршители; во Сектор за внатрешни работи Штип 20 извршители; во Сектор за внатрешни работи Куманово 20 извршители; во Сектор за внатрешни работи Тетово 10 извршители и во Сектор за внатрешни работи Велес 20 извршители.

Повеќе прочитајте на струмица денес.мк