Растот на платите повторно го намали уделот на хрватските пензии
Просечната плата во Хрватска растела за само 26 евра месечно, но повеќе од доволно за да се намали делот на пензијата, кој остана ист. Во просек од 624 евра учеството е околу 45 отсто, додека кај одредени категории приходи е далеку под тоа. Учеството на пензијата во платата падна во однос на претходните месеци, и е за дури три отсто помало од 2013 година, што укажува на посериозна стагнација на реалната вредност на пензијата и покрај нејзиниот раст. Просечната плата за ноември била 1.366 евра нето, објави Државниот завод за статистика, објави Н1 Хрватска.
Овој податок му помогна на пензискиот експерт Жељко Шемпер прелиминарно да пресмета колкаво ќе биде јануарското усогласување на пензиите. Така, пензионерите може да очекуваат само околу 2,89 отсто. Имено, сите околу 1,22 милиони пензионери во просек добиваат по 554 евра. Речиси 300.000 корисници на најниски пензии едвај преживуваат еден месец со помалку од 400 евра приход.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025