Релативизаторите ќе релативизираат – Мене ми останува да ми дадам обемен материјал за да не можат да постигнат

Автор: Бобан Илијевски

Отсекогаш имало луѓе коишто ги релативизираат работите и ќе продолжи да има. Како и многу други и јас одамна го сфатив тоа. Едноставно менталитетот ни е таков. До душа поради истиот страдаме веќе 30 години оставајќи ги политичките партии да не „возат“ како сакаат, но на крајот се сѐ сведува на „нема врска“ или „ќе помине“.

Ова го пишувам инспириран од еден коментар којшто го добив на социјалните мрежи во врска со колумна која неодамна ја објавив. Во коментарот, госпоѓата се обидува да релативизира дека, парафразирам, „поради моите совети, луѓе ќе останале без работа“. Јас не давам никакви совети, туку само го споделувам моето мислење за теми кои ги имам искусено во животот. Имав токсичен шеф, а богами, имав и токсична колешка. Затоа и се осмелив да пишувам на овие теми, во спротивно, бидејќи сум човек којшто не изигрува „свезнајучи“ експерт, не би се ни осудил да дадам мое мислење доколку немам одредено искуство.

Сакам да нагласам дека секоја колумна којашто досега ја имам напишано е базирана на мои лични ставови кои во ниеден случај не сакам луѓето да ги земат здраво за готово или да ме послушаат. Баш напротив, сакам да покажам дека потребно е јавно да се пишува и зборува на теми кои се од интерес на луѓето.

Исклучително ми е мило што луѓето ги читаат моите колумни. Навистина ме прави да бидам исполнет, но сега и тука ги замолувам сите – немојте да ги земате во предвид моите ставови доколку сметате дека не се на место. Го почитувам тоа.

Секогаш сум подготвен и отворен да примам конструктивни критики и коментари, но одбивам да ги премолчам оние со кои се обидува да се релативизира.

Да не должам многу, ваквите коментари нема да ме премислат во намерата да продолжам да пишувам на слични теми, туку напротив ми дава уште повеќе волја и желба да го правам тоа. Не пали кај мене она „јас се обидувам да помогнам, а тие ме удираат по глава“, фигуративно кажано.

Ова четиво е само најава дека ќе пишувам токму најмногу за работите кои ги релативизираат.

Колумната е дело на авторот и во ниеден случај не ги изразува ставовите на порталот Работник.