РЕФОРМИ ВО ХРВАТСКА: Ќе се зголеми границата за пензионирање
Работниот век може да се зголеми на 72 години во Хрватска.
Повод за реформите е анализата на Светска банка во која се вели дека во наредните години и децении ќе има дополнително намалување на пензиите во однос на платите доколку Хрватска не почне „сеопфатна реформа која вклучува популарни и непопуларни мерки“.
Хрватското Министерството за труд на почетокот на идната година ќе предложи нов Закон за пензиско осигурување со кој се планираат низа измени во пензискиот систем, меѓу кои и продолжување на работниот век.
Во бавната фаза, прво во периодот до 2032 година за мажи и до 2038 година за жени, старосната граница за предвремено пензионирање би се зголемила на 62 години, а потоа по 2038 година постепено би се зголемувал работниот век за целосна старосна пензија до 67 години.
Брзото темпо на подигање на старосната граница за предвремено пензионирање на 62 години и старосната граница за целосно пензионирање на 66 години и 6 месеци треба да се спроведе во следните 5 години, до 2030 година.
По брзиот почеток, подоцна работниот век автоматски би се зголемувал, во зависност од продолжувањето на животниот век, приближно 1,5 месеци годишно. Веќе во 2039 година луѓето би се пензионирале на 68 години, а до 2063 година би работеле најмалку до 72 години.Многу хрватски пензионери и сега работат затоа што пензиите не се доволни за живот. Tие обично се ангажирани со скратено работно време.
Фото: freepik.com
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025