Реченици кои треба да ги кажувате на работа наместо ИЗВИНИ

На многу луѓе им станало нормално, па дури и неопходно, во секојдневниот говор да ја користат реченицата „Жал ми е“ по одредени ситуации, па дури и оние кои не изискуваат извинување.

Сепак, претераното извинување може често да има лошо влијание, особено кога на работното место: може другите да ги натера да ве потценуваат, може да ја намали вашата самодоверба и да го ублажи влијанието на идните извинувања.

Оваа навика може да биде последица на несигурност, но и такво воспитување. Околностите во кои сме пораснале и моделите на однесување кои нашите родители ги пресликале на нас, а претходно некој друг на нив, може да влијае на тоа пречесто да се извинуваме, па дури и кога не е потребно.

Потребата за претерано извинување се раѓа од сомневањето во себе – а препознавањето на ситуациите кога треба и не треба да кажете „извини“ е еден од првите чекори кон пронаоѓањето на подобри фрази кои ќе ги користите наместо наведените.

Еве три сценарија во кои би можеле да бидете во искушение да се извините и предлози за размислување за тоа што би можеле да кажете наместо „Извини“.

Извинување ако имате технички потешкотии

Хибридниот модел на работа е популарен во последните неколку години поради ковид кризата. Ова довело до тоа луѓето повеќе да ги користат своите електронски уреди од претходно – да работат со компјутери, лаптопи, таблети, телефони итн. Сепак, без оглед на тоа колку сте технички потковани, неизбежно е да се соочите со технички потешкотии. Обично истите не се по ваша вина.

Замислете да сте на видео состанок и одеднаш се случи некој технички проблем поради кој морате да се исклучите: снема интернет, „цркне“ батеријата, снема струја… Можеби ќе почувствувате дека треба да се извините, меѓутоа тоа не е вистинското решение.

Наместо да се извинувате за работите кои не можете да ги контролирате користете фрази како:

„Го ценам вашето трпение“ и „Ви благодарам што се‘ уште сте на видео повикот“.

Доколку треба да се вклучите во разговор

Да претпоставиме дека присуствувате на состанок кој го води вашиот колега. Некој изнесува став со кој можеби сте согласни или можеби не сте, а вие сакате да го кажете тоа.

Можеби ќе одлучите да се вмешате така што ќе речете: „Извинете, би сакала и јас нешто да кажам“.

Оваа ситуација дефинитивно не изискува извинување.

Ако имате информации кои треба да се додадат во разговорот или некој спротивен став, во ред е тоа да го кажете и за тоа нема потреба да се извинувате.

Наместо извинување, користите фрази како:

„Би сакала да додадам“, „Мислам дека…“ или „Јас би сакал да дадам поинаква перспектива“.

Овие фрази ви помагаат да придонесете, а да не звучите уплашено додека го правите тоа.

Исто така, ако сакате да изнесете споривно гледиште, би требало прво да размислите за тоа дали е вистинско време. Ако не е, размислете за потенцијалните акции, минати и идни, пред да кажете нешто за што можеби ќе морате да се извините.

Извинување ако сте направиле грешка

Последната ситуација во која извинувањето можеби е и најчеста работа која се користи е грешката.

Факт е дека сите правиме грешки, особено на работа. Ако погрешно сте направиле некоја задача или ненамерно сте навредиле некого, зборот „извини“ не би бил погрешен, но не би бил ни најсоодветен одговор.

Она што би требало да направите пред да кажете „извини“ е да размислите за тоа што би можеле да направите за да ја поправите грешката.

Некои други фрази би можеле да бидат подобри показатели дека сте подготвени да направите што е потребно за да ја поправите ситуацијата. Тие можат да бидат:

„Ви благодарам на повратните информации“, „Ја преземам целосната одговорност“, „Го ценам тоа што ми го свртевте вниманието на тоа – како да се подобрам?.

Искреното извинување не е лошо, но идеално е да се каже „извини“ само тогаш кога навистина милите дека ќе биде искрено.

Извор: BIZLife

Фото: Freepik