- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

РКЕ за една недела три пати донесе нова одлука за промена на цените на горивата, еве кои цени се од денеска

Горива - Работник
250views

Малопродажбата на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 0,50 денар/литар со одлука за Регулаторната комисија за енергетика за новите цени на нафтените деривати.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 67,00 денари по литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 69,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини изнесува 57,50 денари.

Кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) состојбата не се менува и изнесува 58,00 денари, откако Регулаторна комисија за енергетика за една недела три пати донесе нова одлука за промена на цените.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 денари и сега изнесува 34,266 ден/кг.