Роботи ги заменија некои работни места во Јапонија
Стареењето на населението, недостаток на работна сила во целиот свет, ги принуди компаниите да гo променат начинот на работење. Роботите веќе ги заменија работниците во некои фабрики, што претходно беше дискутирано на Светскиот самит за роботи, неодамна одржан во Токио.
На Самитот во Токио, роботи од 22 производители се натпреваруваа за тоа кој подобро би ги споредил производите со полицата.
Над 90 компании од Јапонија и други земји воведоа најнови технолошки решенија во роботиката. Иако се повеќе се зборува дека роботите ќе ја заменат човечката работна сила, производителите очекуваат нивните производи да станат „стандардни“ за околу две децении.
„Мислам дека е рано да се зборува за тоа и да се претстави ова како реалност. Но, за две децении, можеме да очекуваме овие машини да ја завршат работата на луѓето“, вели Суши Масаки, роботски инжењер.
„Најновите трендови во роботиката се насочени кон создавање машини што ќе прават што е можно повеќе работи наместо луѓето, да го решат проблемот со недостигот на работна сила“, рече Нарон Ајс од Омрон Роботика.
Сепак, тоа решение е сè уште недостижно за сопствениците на деловни активности, кои се борат да најдат квалификувани работници. Еден од посетителите на самитот, сопственик на градежна фирма, вели дека нема пари да купи роботи за да ги замени работниците на градилиштата, иако тие се поефикасни.
„Мислам дека е малку потешко, особено за малите производители, да ангажираат роботи наместо човечки труд затоа што тие се многу скапи“, рече Јосуки Јохота.
Јапонија, како и многу други земји, се соочува со неповолни домеографски трендови а се забрза и стареењето на населението. Јапонскиот премиер Шинзо Абе предлага да се охрабрат повеќе жени да започнат со работа, но анализите покажуваат дека населението на возраст меѓу 15 и 64 години ќе се намали за скоро 30 милиони до 2065 година.