МакедонијаПравдаСветот на работникот

Родителите гневни по одлуките на Владата, најавуваат протести

141views

Измените на законите за основно и средно образование во кои се регулира наставата во услови на пандемија со Ковид-19 влегоа во собраниска процедура. Владата побарала овие две законски решенија  да се разгледуваат по скратена постапка имајќи ја во предвид намерата учебната година да почне на 1 октомври. Но, датумот за старт на наставата не е споменат во законите, туку е наведено дека во услови на здравствена криза одлуката за почеток и град на учебната година ја носи Владата. Од друга страна на вчерашната владина седница беше одлучено родителите на деца до 10 години на 23 септември да се вратат на работа.

Ова предизвика бројни реакции во јавноста. Едни од најзасегнатите се самохраните родители. Од граѓанската организација “Една може” не се согласуваат со одлуката. Сметаат дека треба да се усогласат политиките.

-Не може законот за работни односи да диктира на 23 септември сите родители да се вратат на работа, а законот за образование да вели децата да тргнат на училиште на 1 октомври. Имаме луфта од 7 дена. И децата нема кој да ги чува. Посебно на еднородителски семејства, изјави Дороти Пачкова, претседател на граѓанското здружение “Една може”.

Според Пачкова самохраните родители на деца од 1 до 3 одделение ќе се соочуваат со проблеми и ќе почне учебната година, бидејќи дел почнуваат порано со работа од училиштата. Нема кој да ги носи и зема децата, но и да биде дома со нив ако учат онлајн.

– Да има можност за училишно згрижување со следење на сите препораки за заштита. Да има опција за државен трансфер на средства со конкретна намена – плаќање тутори за носење, земање и дочувување на децата во своите домови до 16 часот, како и опција за работа од дома за самохраните родители кои имаат работа што овозможува работење од дома, додаде Пачкова.

Граѓаните кои ги анкетиравме со поделени мислења за владината одлука за враќање на родителите од идната среда на работа.

Од министерството за образование одговорија дека Владата уште на почетокот на јули донела одлука за враќање на работа на родителите кои имаат школски деца.

За укунување пак на продолженото породилно мајките кои ја користеа оваа мерка во четврток во 17.30 ќе излезат на протест пред Владата. Бараат да остане на сила првичната одлука да останат дома до Нова година, а не идната среда и тие да мора да се вратат на работа.

Извор: Сител