МакедонијаСиндикат

САДУ: Бараме да се почитува ветеното! СТОП за трансфер од јавен во приватен сектор

САДУ
256views

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија преку соопштение до јавноста апелира да престане да се форсира идејата трансферот од јавен во приватен сектор. Ви го пренесуваме целосното соопштение во понатамошниот текст.

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија, во повеќе наврати во минатото реагираше околу идејата за трансфер од јавен во приватен сектор. Низ повеќе состаноци со Министерот беше разговарано и укажано дека за нас како синдикат оваа идеја е неприфатлива и дека жестоко ќе се спротивставиме доколку се реализира на начинот на кој беше презентиран. Впрочем САДУ во рамките на КСС низ низа протести во текот на минатата година бараше СТОП за трансферот од јавен во приватен сектор.

Истиот предлог за рационализирање на јавниот сектор преку предвремено пензионирање и внатрешно дообучување и преквалификација декларативно беше прифатено од страна на Министерот Дамјан Манчевски. Првично беше договорено и ветено и јавно преку ТВ дебата (на телевизија Алфа, во емисијата “Што не е јасно”) дека на следната седница ќе биде побарано синдикатите да бидат вклучени во функционалната анализа, со цел да се избегне злоупотреба на истата и вработените да се делат на подобни и неподобни, туку по нивната стручност, заслуга и работа.

Очигледно, сето тоа е само манипулација затоа што ветеното не се остварува и тоа го гледаме последниве денови, бидејќи е изготвен анкетен лист со кој се прави функционална анализа без вклучување на синдикатите, а од друга страна секојдневно се полни јавниот сектор со нови вработувања, па затоа кај нас се појавува сомнеж дека целиот проект за професионализација на јавниот сектор е проект за партизација на јавниот сектор.

Предупредуваме да престанете да го форсирате трансферот од јавен во приватен сектор на начин неприфатлив за нас и го повикуваме Министерот да го оствари неговото ветување кое е јавно потврдено пред целата македонска јавност.

Во спротивно Ве уверуваме дека иако сме во период на техничка Влада, нема да ја премолчиме оваа неправда со која се нанесува зло на вработените, но и на јавниот сектор воопшто.

Доколку во најитен рок не се преземат рационални чекори на кои се договоривме, ние ќе го радикализираме нашето делување.