НовостиСиндикат

САДУ беше дел од конференцијата за медиумите и синдикалното организирање

   Време за читање помалку од минута

Вчера претставници на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство беа дел од Конференцијата на Европската федерација на синдикати од јавен сектор (ЕПСУ) на тема: „Синдикалното организирање и медиумите“.

Во текот на конференцијата, новинарот Зоран Бехар од Хрватска ги сподели своите знаења за тоа како синдикатите да бидат привлечни за медиумите, со цел да бидат покриени од нив. Презентација одржа и Ива Ившиќ, од Синдикатот за образование и медиуми на Хрватска, која се осврана на тоа како тие пристапиле кон медиумите во текот на штрајковите.