МакедонијаСиндикат

САДУ организира Синдикална школа за колективни договори и законите за административни и јавни службеници

Фејсбук статус на Синдикатот на администрација и државна управа:

📢 Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија (САДУ) оваа година ја организира VI Синдикална школа која ќе се одржи во х. Молика во Битола.

Поради големиот интерес и ограничениот капацитет на салата, школата ќе се реализира во два термина:

Прв термин: 7 – 9 октомври 2025

Втор термин: 13 – 15 октомври 2025

📚 Теми на Синдикалната школа на САДУ се:

1️⃣ Колективни договори и колективно преговарање

Предавач: проф. д-р Лазар Јовевски

2️⃣ Новите Закони за административни и јавни службеници, примена, новини и следни обврски на имплементација

Предавач: Југослав Ѓеорѓиевски, консултант на изработка на законските нормативи