САДУ: Ќе се одржи најавениот штрајк во фонд за здравство
Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при САДУ ќе го одржи веќе најавениот штрајк.
Штрајкот ќе се одржи откако раководството на ФЗО не одговори на барањата на синдикатот ниту пак се одзва на повикот за решавање на проблемите во синдикатот. Раководството не се одзва ниту на периодот даден за договор и социјален дијалог пред одржување на штрајкот на вработените, напротив има игнорантски однос спрема синдикатот и вработените во фондот.
Откако раководството не се произнесе по барањата, синдикатот ќе го одржи најавениот штрајк и ќе продолжи со своите активности доколку продолжи ваквиот однос од страна на институцијата.
Штрајкот ќе се одржи на ден 30.12.2019 год.
Ги повикуваме сите вработени на солидарност, да излезат и да го поддржат штрајкот бидејќи ова е борба за подобри работнички права и услови кои очигледно не се предмет на меѓусебна расправа и социјален дијалог.
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024