МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Саздов: За три години, бев четири пати незаконски прераспределен поради вршење на синдикални активности

397views

Незаконските прераспределувања од едно на друго работно место започнаа поради моите синдикални активности и основање на синдикална подружница во Одделението за безбедност на патниот сообраќај – ОБПС, Сообраќајна полиција, СВР Скопје, вели Дејан Саздов, Генерален Секретар на Синдикатот на полицијата во Македонија кој бил четири пати, како што тврди, незаконски прераспределен за три години. 

„90 % од вработените во Одделението се зачленија и се отчленија своеволно од Македонскиот полициски синдикат која е репрезентативен во МВР кој како свој претставник во ОБПС, СВР Скопје го имаа поставено началникот на истото Одделение, кој ја извршувал функцијата помошник Генерален секретар и воедно беше дел од комисијата за распоредување во МВР, како член на синдикатот. Тој започна одмазднички реваншизам против настанувањето на новиот синдикат на полицијата во Македонија“, вели Саздов.

Посочи дека тој како раководител користејќи ја службената позција изготивл предлог за прераспоредување за, како што вели Саздов, подоцна и како член на комисијата за распоредување во МВР одлучил по неговиот предлог. Според Саздов, одлуката којашто тој ја донел бил незаконска и истата се однесувала на негово прераспределување во Бирото за Јавна Безбедност на работното место Полицаец во Дипломатско – конзуларни преставништва – обезбедување на амбасади од 04.02.2018 година, за што постојат и документи.

Тој истакна дека веднаш потоа поднел приговор до Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос од втор степен која констатирала дека Решението од 02.03.2018 година било незаконско. 

 „По сила на закон Решението со кое бев прераспореден во ДКП стана неважечко и согласно законските прописи сум вратен на претходното работно место во ОБПС каде сум Претседеател на тамошната синдикална организација при Независниот синдикат на полицијата“, истакна Саздов. 

Како што вели, во перидот од врачување на Решението за поништување откако стапува на сила, работодавачот, односно МВР одбива да постапи според Решението и да го врати на старото работното место во рок од 21 ден. Саздов вели дека незаконски и присилно бил задржан на работното место во ДКП, односно немал ниту усна, ниту писмена наредба за натамошно распоредување на ова работно место, по што и покрај неговите писмени барања да биде вратен согласно решението, тие се одбивале. Саздов вели дека се обратил до трудовиот инспекторат, Народниот Правобранител и повеќе надлежни институиции кои откако реагирале, Министерот Оливер Спасовски наместо да го врати, според него, со помош на комисијата за распоредување му издал ново Незаконско решение од 17.04.2018 година за распоредување во Арачиново, на позицијата полицаец за Јавен ред и мир. 

„Бев ставен во понижувачка, нечовечна и здравствено загрозувачка, незбезбедна работна средина со тоа што во просториите на Полициското Одделение во Арачино има повеќегодишен проблем со изеални фекалии во просториите во кои морав да работам. Ми се одзедоа и списите за работа и полициските овластувања за преземање на мерки кон сторители на прекршоци“, вели Саздов.

Му бил извршуван континуиран мобинг, раскажува Саздов, на работното место Стража речиси две години, каде дежурал по 12 часа. Вели дека преку зима немал загравање, а преку лето работел на преку 45 степени. Нагласува дека бил и нападнат со огнено автоматско оружје на работното место каде не му дале заштитна опрема. Како што вели, куршумот кој бил наменет за него, завршил во неговото визилото. Настанот бил пријавен и документиран со увид, но, според неговите зборови, предметот две години се чува во фиока и не се постапува за разоткривање на сторителите. 

Во меѓувреме, вели, од Полициското одделение бил прераспределен на повеќе работни места по усни и писмени наредби, во Полициските станици, Центар, Бит Пазар и Гази Баба. Вели дека документирано е малтретирање и навремено било пријавувано за незаконските преместувања, но освен молк, немало никаков одоговор од Министерот. 

„Во текот на работењето во Арачиново повеќе пати бев напаѓан од страна на тамошни раководители од Албанска национална припадност со физичка сила и упатување на закани поради моите синдикални активности, се со цел да бидам заплашен. Ова е документирано во предметите кои се чуваат во фиока и по кои не се постапува“, вели Саздов. 

Истакна дека на 03.07.2020 година добил закани по живот од страна на Командирот на Полициското Одделение во Арачиново, поради тоа што постапувал професионално и синдикално. Вели дека нападот се случил на работно место и истиот е документиран со сведоци и било пријавено во внатрешната контрола на МВР. Посочи дека и покрај тоа што била загрозена неговата безбедноста, не се преземало ништо. Саздов се упатил приватно да го гони Командирот, но и покрај тоа што имал цврсти докази, тој бил заштитен од страна на Министерот, а воедно, како што вели, бил незаконски поставен со прескокнување на 5 скалила во Командир. Вели дека тој бил поставен на таа позиција поради партиски активности како член на СДСМ и бил заштитен и награден од нивна страна. 

Во меѓувреме, посочува Саздов, Основниот суд Скопје 2 со пресуда го поништил Решението и со задолжување во рок од 8 дена, му навел на МВР да го врати на работното место во ОБПС. Судот ги поништил и сите претходно издадени решенија, сметајќи ги за незаконски, вели Саздов. 

„Наместо МВР да постапи по судското задолжување, истото одбива веќе 19 месеци односно со Жалба паушално вложена од МВР кон пресудата, истата се чува во фиока на Апелационипот суд – Скопје кој спротивно на законските прописи за решавање и обврска на работниот сопр за донесување на одлука и рок со обврска во рок од 30 дена односно со заседавање на судскиот совет најмногу до 6о дена не се постапи и се држи Пресудата 19 месеци за што имам покренато постапка преку Врховен суд за Судење во неразумен рок“, истакна Саздов.

Иако на МВР му било наложено да го врати на работното место до носењето на правосилна одлука од страна Апелационот суд, од МВР повторно му издале, како што вели, незаконско решение на 11.09.2020 години, со кое го прераспоредлиле во граничната полиција во с. Танушевци, општина Чучер Сандево. Согалсно Законот за МВР и Колективниот договор, полицискиот службеник не смее да биде преместен вон местото на живеење, а с. Танушевци е на далечина од околу 70 км, од неговото место на живењее, посочи Саздов. 

Вели дека за последното незаконско распоредување веќе поднел Жалба до Државната комисија за одлучување на работни спорови од втор степен, од каде очекува одговор. Вели и дека со неговите правни советници подготвуваат тужба за вршење на мобинг на работното место поради извршување на синдикатилни активности и неговата моментална функција во Синдикатот на полицијата во Македонија, како Генерален Секретар. 

Редакцијата на порталот Работник ги поседува гореобјавените документи во оргинална форма.

Бобан Илијевски