ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Само 35% од вработените земаат плата над просечната

Најниски се платите во текстилната индустрија

Само 35 проценти од вработените граѓани во земјава земаат плата над просечната која сега изнесува 28.721 денари. Државниот завод за статистика од почетокот на годината забележува постојан раст на просечната плата што најмногу се должи на растот на платите во ИТ индустријата и фармацијата. Но, според податоците вработените во голем број дејности земаат плати под просекот. Текстилната и кожарската индустрија и натаму со најниски плати кои во просек изнесуваат 17.570 денари, по нив следуваат платите во рестораните, кафулињата и други дејности поврзани со храна каде месечните примања се движат околу 18.780 денари. На вработените во образованието, во уметноста, или во производството на прехрамбени производи платите им се движат од 20 до 27 илјади денари.

Повеќе на Банкометар.мк