- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Светка банка предвидува раст на македонската економија од 3,6 проценти во 2021 година

Светска банка - Работник
182views

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 3,6 проценти, предвидува Светска банка во најновиот извештај.

За следната година, предвидувањата на Светска банка се дека економијата ќе порасне за 3,5%.

Од земјите во регионот најголем раст за годинава е предвиден за Црна Гора од 7,1%, потоа Србија од 5%, Албанија 4,4%, Косово 4% и Босна и Херцеговина од 2,8 проценти.

За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5%, во Србија и Албанија по 3,7% и по 3,5% за С Македонија и Босна и Херцеговина.