Светски економски форум во Давос од 20 до 24 јануари
Годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос ќе се одржи од 20 до 24 јануари под слоганот „Соработка во интелегентната ера“, а форумот ги објавил и програмата и главните тематски целини.
Како што е објавено на веб страната на СЕФ, меѓу политичките лидери кои ќе учествуваат се новоизбраниот Претседател на САД, Доналд Трамп кој ќе учествува преку видео-линк, Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, сојузниот германски канцелар Олф Шолц…
„Годишниот состанок 2025 ги повикува глобалните лидери да се позанимаваат со клучните глобални и регионални предизвици. Тоа вклучува реагирање на геополитичките шокови, стимулирање на растот поради подобрување на животниот стандард и управување со праведната и инклузивна енергетска транзиција“, се наведува на веб страната на СЕФ.
Основачот и Претседател на Управниот одбор на Светскиот економски форум, Клаус Шваб навел дека Давос е уникатен по тоа што собира речиси 3,000 личности од светот на политиката, бизнисот и невладиниот сектор, „со цел да се соочат со предизвиците во светот во длабоката трансформација“.
„Годишниот состанок 2025 ќе го поттикне духот на соработка и конструктивен оптимизам со цел обликување на претстојната интелегентна ера на одржлив и инклузивен начин“, додал Шваб.
Како што се наведува, дискусиите на 55 годишниот состанок на СЕФ ќе се фокусираат на пет основи, меѓусебно повразни тематски целини, од кои секоја е клучна за одржлива, инклузивна и просперитетна иднина.
Тематската целина „Повторно промислување на растот“ (Reimagining Growth) ќе истражи нови можности за економски раст, вклучувајќи и иновации водени од технологијата.
„Индустријата во интелегентанта ера“ (Industries in the Intelligent Age) ќе истражи како бизнисот може да се движи низ технолошките промени и новата динамика на индустријата.
„Вложување во луѓе“ (Investing in People) ќе се позанимава со потребата за развој на работната сила, преквалификација и отворање на нови работни места во секторите кои настануваат.
„Заштита на планетата“ (Safeguarding the Planet) ќе се фокусира на зголемување на климатските и природни решенија и унапредување на напорите за декарбонизација.
Блокот наречен „Повторно градење на доверба“ (Rebuilding Trust) ќе работи на поттикнување на глобалната соработка и отпорноста во се’ поподелениот свет.
Извор: b92.net
Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025