ЕкономијаНовости

СДСМ: „Кошничките“ на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашување

   Време за читање 1 минута

Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ со таканаречени кошнички, се покажаа како целосно промашување. Цените не се намалија, туку за одредени производи и се зголемија. „Кошничките“ донесоа поголема скапотија за граѓаните. Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашакот, гравот, леќата, сѐ е поскапено, реагираат од политичката партија СДСМ.

-Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат тоа – цените растат, граѓаните имаат сè поголеми трошоци за живот, а сè помалку пари во џебовите. Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, основните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3% – додаваат од партијата.

Денеска завршува „новогодишната кошничка“ која почна да се применува од 15 декември. Со оваа мерка беа опфатени над 1.100 производи кои беа намалени за 10 отсто.