- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

СДСМ: Со одговорни економски политики, обезбедуваме услови за рестарт на македонската економија, растат платите и пензиите и во време на криза

Финансиската поддршка - Работник
89views

СДСМ со одговорни и навремени економски политики обезбеди раст на платите и на пензиите и во услови на најголемата светска здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, истовремено создавајќи можности за рестарт на македонската економија.

И во услови на рецесија просечната плата во ноември 2020 година е зголемена за 7 отсто во однос на ноември 2019 година, а пензиите не се намалени, ниту се замрзнати, туку тие со јануарското законско усогласување се зголемени за 1.2 отсто.

Advertisement

Истовремено, продолжува и помошта и поддршката за економијата и спас на работните места.

Преку кредитната линија, КОВИД 3 досега, одобрени се бескаматни кредити за 1.276 кредитни барања од компании кои вработуваат 9.450 лица, во вкупен износ од 14,7 милиони евра.

Advertisement

Владата предводена од СДСМ преку четири пакети економски мерки вредни над една милијарда евра, спаси стотици илјадници работни места и помогна на десетици илјади компании. Во финална фаза е и петтиот пакет мерки наменет за поддршка на граѓаните, на компаниите.

СДСМ како одговорна партија останува силно посветена да им помага на компаниите и на  граѓаните, погодени со кризата, а паралелно презема чекори за рестарт на македонската економија и враќање на претходните стапки на раст.

Advertisement