Се вработуваат над 250 лица во јавниот сектор, еве во кои институции

Доколку сте заинтересирани за работа во државните служби, деновиве имате прилично голем избор каде да аплицирате.

Имено, утре е последен ден за аплицирање на огласите за вработување еден службеник во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, но и на оние за вработување по 16 службеници во Министерството за транспорт и врски и Министерството за надворешни работи, а задутре се затвораат огласите за вработување во Кабинетот на претседателот и во Министерството за образование и наука.

До 27 месецов можете да се пријавите на огласот за вработување 4 службеници во Градски паркинг – Скопје, а на 28 септември се затвораат огласите за вработување шестмина службеници во Железници на Македонија и огласот за прием на 200 професионални војници.

Еден ден подоцна, на 29 септември, се затвораат огласите за вработување во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во Државната изборна комисија, а до 30 септември можете да аплицирате за вработување во Агенцијата за пошти.

До први октомври се отворени и огласите за вработување во Судски совет и во Министерството за локална самоуправа, а до 5 октомври можете да се пријавите за вработување во Агенцијата за планирање на просторот.

Доколку, пак, сакате да работите во приватниот сектор, погледнете кои огласи се активни на нашиот портал – ТУКА.