МакедонијаСиндикат

Се зголемуваат платите на универзитетските професори

   Време за читање помалку од минута

Министерството за образование пронајде начин како да им ги зголемат платите на универзитетските професори за 10%. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот за 2020 година.

Одлуката е донесена по притисокот кој го изврши Независниот академски синдикат кој упати и отворено писмо до техничкиот премиер Оливер Спасовски, предупредувајќи го дека трпението на професорите е исцрпено и постои можност незадоволството да се изрази во форма на протести. Тие бараат итна реакција на министерството уште во февруарската плата, пренесува порталот Скопје 24.