МакедонијаПравда

Се намали бројот на деца во градинката со позитивен случај во Струмица

Се намали бројот на деца - Работник
67views

Дел од родителите чии деца ги посетуваа струмичките градинки денеска одлучиле истите да ги задржат дома. Во шесте клона на градинката Детска Радост денеска има за околу 20% помалку деца во однос на претходните денови. Ова се случува откако вчера беше потврдено дека петгодишно дете што го посетувало клонот 3 е позитивно на корона вирус кој го добил од член на семејството. Директорот на градинката вели дека во ваквата одлука на некои  родители можеби влијаела и оваа ситуација, но исто така потенцира дека ова е нормално секоја година на почетокот од работењето бидејќи станува збор за период на адаптација.

Во меѓувреме зголемениот број на нови случаи на Ковид 19 го наполни капацитетот на инфективното одделение во струмичката болница. Овде, во моментов се лекуваат лицата со полесна клиничка слика, додека потешките случаи се препраќаат во Скопје. Поради ваквата ситуација управата на болницата веќе подготвува можни решенија за активирање на дополнителни капацитети доколку овој тренд продолжи.

Струмица со месеци беше еден од регионите со најнизок процент на позитивни случаи со Ковид 19. Изминатите денови сликата се менува, а веќе неколку денови по ред дневната статиска регистрира двоцифрени бројки на ново заразени.

Извор: Сител