МакедонијаСиндикат

Се одржа редовна седница на Регионалниот одбор на СОНК – Охрид – Најголем акцент ставен врз растот на платите

Претседателката на Регионалниот одбор на СОНК – Охрид, Катерина Крстеска на својот фејсбук профил објави дека вчера во просториите на Одброт се одржала редовна седница на Регионалниот одбор на СОНК – Охрид. На седницата бил присутен и Претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

„Отворени беа повеќе прашања од интерес на вработените во образованието, детските градинки и културните установи. Особен интерес предизвикаа прашањата за повисоки плати и потпишување нови колективни договори во сите дејности што ги застапува СОНК“, напиша Крстеска, додавајќи дека се констатирало дека ваквите средби треба да се одржуваат почесто, за членовите на СОНК подобро да бидат запознаени со решавањето на проблемите кои се од нивен интерес.