МакедонијаПравдаСветот на работникот

Се повеќе наставници и ученици, како и деца и негувателки од градинките во изолација

Наставници - Работник
87views

Заразата почна да се шири и внатре во училиштата и градинките. Расте бројот на новозаразени во воспитно образовните установи. 66 ученици и 174 наставници се активни случаи според последната статистика на МОН. Се работи за  бројка од оние кои со физичко присуство следат и одржуваат настава. Бројот на изолации е најмалку двојно поголем од активните случаи но засега нема точен податок.

На почетокот откако отворија градинките беа регистрирани по неколку изолирани случаи. Бројот постојано расте во последните неколку денови. Во моментов 120 вработени се заразени од вирусот и 18 деца.

Во изолација се 1139 деца и 187 вработени од над стотина згрижувачко воспитни групи.

Од детската амбасада Меѓаши бараат промена и во наставата од 1 до 3 одделение и во работата на градинките.

Змијанац апелира до надлежните да дадат поконкретни информации за здравствената состојба на децата заразени од КОВИД 19 нивниот третман. Смета дека надлежните е потребно да ги ослобода од работа родителите на деца до 10 годишна возраст како и сите граѓани со хронични заболувања.

Извор: Сител