- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Се уште се размислува како да се третираат рестораните за свадби

Ресторани - Работник
132views

Како што кажавме за сите економски оператори, односно за сите угостителски објекти коишто се затворени овој период со одлука на Владата, секако ќе следи економска поддршка, рече Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Рестораните за свадби, ние реално минатата година ги поддржавме. Имаме еден проблем со рестораните за свадби, а тој е дека не можат да се одвојат од останатите угостителски објекти, затоа што многу мал број од нив се категоризирани според категоризацијата која Министерството за економија ја има зададено“, рече Битиќи.

Advertisement

Истакна дека во неколку наврати кажал дека не можат да се направат отстапки за да им се дозволи да работат, бидејќи здравствената криза се уште е во тек. Ќе направиме се, за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија. Секако, доколку е потребно ќе бидат помогнати и со дополнителни мерки. 

Посочи дека тие се една од категориите коишто се најмногу погодени, не само во Македонија, туку на светско ниво. Битиќи рече дека се уште размислуваат на кој начин да ги третираат. Подвлече дека сега фокусот е на угостителските објекти кои имаат забрана за работа во овие две недели. 

Advertisement

Потенцираше дека неколку пати кажал дека вистината дали биле поддржани или не, не е целосно на нивна страна , затоа што ние правевме мерки коишто беа сеопфатни. Тие беа едни од целните групи кога ги дадовме бескаматните кредити од Ковид 1 коишто беа наменети само за угостителскиот сектор. Нагласи дека и Ковид 4 бескаматните кредити од петтиот сет мерки се исто така наменети за овој сектор. Во овие кредити била воведена мерка во којашто освен кредити со 0 % камата, ќе има и дел на неповратни средства, ако работат позитивно до крајот на годината. 

Дополнитено, рече Битиќи, минатата година со субвенционирањето на платите, како и оваа година, тие затоа што имаат најголем пад на приходите, најмногу се поддржани, по принципот на скалеста поддршка за исплата на минимална плата. 

Рече дека бидејќи тие се најпогодени и поради тоа најтешко ќе закрепнат се работи на нови развојни програми.

Advertisement