Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер ја погоди Хрватска (ФОТО и ВИДЕО)
Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска ја погоди Хрватска. Според првичните информации и има повредени лица, а има и едно починато дете во градот Петриња каде што е епицентарот.
Според официјалните податоци, земјотресот е забележан на длабочина од 10 километри, на 46 километри од главниот град на Хрватска, Загреб.
Голем број на граѓани се излезени на улица поради страв од нови земјотреси.
Земјотресот е почуствуван и во соседните земји и тоа во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора.


