МакедонијаНовостиСиндикат

Синдикатот за транспорт и врски учествуваше во проектот „New normal“, финансиран од Европската унија

   Време за читање 2 минути

Иако коронавирусот веќе одамна не се споменува во јавниот дискурс, сепак останува фактот дека го наруши начинот на функционирање на луѓето, а со тоа и на работниците.

Со цел да се дознае каква била ситуацијата во ек на пандемијата, се спроведе проектот  „New normal- Building workers’ post Covid19 involvment and consultation capacity in transport undertakings“, односно зајакнување на учеството и консултации на работниците по Ковид – 19 во транспортните компании, кој беше подржан од Европската унија, каде учествуваа синдикати и работодавачи од повеќе земји, меѓу кои од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Литванија, Шпанија, Италија итн.

 

Главната намера на проектот беше да се дознае каква била состојбата во секторот транспорт за време на пандемијата, колку и какви мерки се презеле и дали работниците и синдикатите биле консултирани за истите.

Што се однесува на Македонија, чиј учесник беше Синдикатот за транспорт и врски, заклучокот е дека претпријатијата од транспортниот сектор покажале општествена одговорност преку применување на мерките кои ги креираше Владата за заштита од Ковид – 19. Но, кога станува збор за консултирањето со синдикатите, претпријатијата потфрлиле, бидејќи не биле земени во предвид барањата и потребите на истите. Со тоа, може да се каже дека и социјалниот дијалог бил на ниско ниво.

Од Синдикатот за транспорт и врски, меѓу другото, посочија дека главни цели кои треба да се исполнат во Македонија се завршувањето на коридорите 8 и 10д, дигитализација на транспортниот сектор, адаптирање на законодавството на Европската унија во македонските закони итн.

Исто така, со оглед на тоа дека најголемиот дел од испитаниците кои учествувале во истражувањето, а кои се од самите претпријатија, посочиле дека не знаат дали се одржувале обуки за превенција и заштита од Ковид -19, говори дека истите не се одржувале. Причината за тоа е што пандемијата не била сфатена сериозно уште на самиот почеток.

Сепак, останува фактот дека мерките од Владата се применувале и од страна на самите вработени во претпријатијата.