- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикатот за угостителство и туризам изрази безусловна поддршка за протестот на Синдикатот на полицијата

Синдикатот за угостителство и туризам - Работник
139views

Почитувани, Со ова писмо Синдикатот за угостителство и туризам сака безусловно да ја изрази својата поддршка за најавениот протест на Синдикатот на полиција на Македонија.

И тие како и ние се изложени на селективните и лоши мерки од власта кон работничкиот сектор и нашите права. Социјалниот дијалог е сведен на нула а нема ниту слух од власта за проблемите со кои овие работници се соочија во време на пандемијата обавувајќи ја својата професија беспрекорно и професионално. Исто така извршен е притисок на синдикалните лидери во полицијата и таква постапка во едно демократско општество не е дозволива.

Advertisement

Цврсто сме убедени дека организираниот протест ќе биде успешен и дека барањата на Синдикатот на полицијата ќе бидат слушнати и прифатени од надлежните во државата. Сите заедно ќе излеземе на најавениот протест на ден 08.05.2021 и ќе допринесеме во борбата за правата на нашата полиција.

Advertisement

Advertisement
Advertisement