Синдикатот за шумарство и директорката на ЈП Национални шуми потпишаа декларација за здрави и безбедни работни места
Во рамките на 28 април- Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, претседателот на синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РСМ д-р Живко Митревски и директорот на ЈП Национални Шуми Јулијана Николовска , во присуство на заменикот директор Берат Дехари ја потпишаа декларацијата за здрави и безбедни работни места Двата социјални партнери со овој чин а во кој се опфаќаат сите вработени во шумарството, уште еднаш ја покажаа својата заложба и посветеност кон зачувувањето на здрави и безбедни работни места, како и нивното унапредување во врска со борбата против пандемијата на вирусот Ковид 19. Покрај потпишувањето на декларацијата и одредбите од колективниот договор, двата социјални партнери покажаа дека обезбедувањето на здрави работни места и заштита при работа останува врвен приоритет.

